• среда, 25 декември 2024

Челзи е подготвен да се раздели со Мудрик

Челзи е подготвен да се раздели со Мудрик


Лондон, 19 септември 2024 (МИА) – Крилниот напаѓач на Челзи, Михајло Мудрик би можел да ја смени клупската средина во зимскиот преоден рок.
Лондонскиот клуб е подготвен да се раздели со украинскиот репрезентативец и ќе ги слушне сите понуди, пренесуваат англиските медиуми.
Според истите извори, за украинскиот крилен напаѓач се заинтересирани Баерн, Марсеј и клубови од англискиот Чемпионшип.
Покрај Мудрик, раководството на Челзи размислува и за продажба на уште неколку играчи кои не се дел од првиот тим.
Мудрик оваа сезона одигра само два натпревари за Челзи, на кои влезе во игра од клупата за резерви. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан