• петок, 27 декември 2024

Челзи го обнови интересот за Гвардиол

Челзи го обнови интересот за Гвардиол

Лондон, 2 март 2023 (МИА) - Челзи го обнови интересот за дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиол. Хрватот минатото лето беше блиску до трансфер во Челзи, а преговорите со бундеслигашот беа во напредна фаза. 

 

„Сините“ го следат Гвардиол од неговата 17-та година. Јошко во декември потпиша нов договор со германскиот клуб до 2027 година. 

 

Според „Тајмс“, хрватскиот фудбалер има клаузула за ослободување што ќе се активира во 2024 година. Челзи ќе мора брзо да реагира за да не мора да плати клаузула за ослободување од 97 милиони фунти (речиси 110 милиони евра). 

 

Интерес за Гвардиол пројавуваат и Манчестер сити и Тотенхем. Јошко е подготвен да остане уште една година во Лајпциг, но би сакал во иднина да игра во Премиер лигата. 

 

Оваа сезона 21-годишниот дефанзивец постигна два гола на 28 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан