• среда, 25 декември 2024

Чекон постави светски рекорд на 100 метри грбно

Чекон постави светски рекорд на 100 метри грбно
Будимпешта, 20 јуни 2022 (МИА) – Италијанскиот 21-годишен пливач Томас Чекон постави вечерва нов светски рекорд на 100 метри грбно, испливувајќи ја делницата во време од 51 секунда и 60 стотинки во финалето на Светското првенство во Будимпешта. Чекон за 25 стотинки го надмина досегашното најдобро време на 100 метри грбно што беше во сопственост на Американецот Рајан Марфи од Олимписките игри 2016 во Рио де Женеиро. Марфи ја заврши финалната трка во Будимпешта второпласиран со време од 51:97, додека бронзениот медал го освои неговиот сонародник Хантер Армстронг со само една стотинка поспоро време (51:98). Покрај својот прв златен медал на светските првенства, Чекон за новиот светски рекорд освои и парична награда во износ од 50.000 долари. ег/паг/

Остани поврзан