• четврток, 26 декември 2024

Чарлс Трети почнува нова еколошка Божиќна традиција

Чарлс Трети почнува нова еколошка Божиќна традиција

Лондон, 25 декември 2023 (МИА) - Годишното ТВ-обраќање на монархот коешто се прикажува на Божиќ во Англија и Велика Британија, е традиција уште од 1930-тите. Кралот Чарлс сега на својата Божиќна порака ѝ дава и нова, еколошки одржлива нишка.

Имено, денеска се почнува со нова традиција - кралот по првпат ќе застане покрај живо дрво, симболично истакнувајќи ги своите тековни напори за заштита на животната средина. Дрвото, според Бакингемската палата, е украсено со „природни и одржливи украси“, како што се шишарки, кафеаво стакло, сушени портокали и хартија, наместо пластика.

Првото божиќно обраќање на кралот Чарлс Трети се одржа минатата година, по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета.

Пред обраќањето, кралот Чарлс и кралицата Камила, на Бадник, беа забележани во Сандрингем. Тие присуствуваа на утринската богослужба во црквата „Сент Мери Магдален“.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан