• сабота, 21 декември 2024

Чаракчиев: Радовиш ќе добие затворен пазар и мултифункционален Дом на културата

Чаракчиев: Радовиш ќе добие затворен пазар и мултифункционален Дом на културата
Радовиш, 7 октомври 2021 (МИА) - На вечерашната граѓанска трибина „Најдоброто за нашата општина“, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, Коле Чаракчиев, најави гасификација на Радовиш, како еден од планираните капитални проекти во неговата програма. Покрај веќе реализираните проекти со поддршка од централна валст, во изминатите 4 години тој наброи и дел од новопланираните проекти меѓу кои и модерен, современ затворен градски пазар во Радовиш и нов објект во состав на детската градинка „Ацо Караманов“ со што ќе се стави крај на проблемот со листа на чекање за згрижување на дечињата од најмала возраст. - Сонот за модерен, мултифункционален културен центар нема да биде повеке сон туку реализаран проект во кој своето место ке го најдат повеке културни здруженија, младинци организрани во различни секции, аматерски сценски изведби, фолклорни ансамбли и млади талентирани ентузијасти, истакна Чаракчиев. Тој додаде дека нема да бидат заборавени и луѓето од трета доба, и дека за нив е предвидено изградба на нов пензионерски дом. рт/нд/

Остани поврзан