• среда, 18 декември 2024

Чан: Санкциите против Русија ќе им наштетат на земјите во развој

Чан: Санкциите против Русија ќе им наштетат на земјите во развој
Њујорк, 18 март 2022 (МИА) - Амбасадорот на Кина во Обединетите нации, Жанг Чан изјави дека санкциите против Русија за време на бавното глобално економско закрепнување е грешка. Тој пред Советот за безбедност на ОН додаде дека „санкциите не решиле ниту еден проблем, туку создале нови“. Чан предупреди санкциите ќе ја влошат кризата со храна и со енергија и ќе наштетат посебно на земјите во развој. Тој повтори дека Кина е за прекин на огнот во Украина. - Исто така, се надеваме дека сите страни ќе направат повеќе за да ги олеснат мировните преговори и нема да долеваат масло на огнот, посочи Чан. ми/

Остани поврзан