Чад го раскина воениот договор со Франција
- Чад објави дека го раскинува клучниот воен договор со Франција, а министерот за надворешни работи на Чад, Абдераман Куламала, рече дека е дојдено време неговата земја да го „афирмира својот целосен суверенитет“.
Нџамена, 29 ноември 2024 (МИА) - Чад објави дека го раскинува клучниот воен договор со Франција, а министерот за надворешни работи на Чад, Абдераман Куламала, рече дека е дојдено време неговата земја да го „афирмира својот целосен суверенитет“.
Одлуката дојде само неколку часа откако францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро разговараше со претседателот на Чад, Махамат Деби.
Чад е клучен партнер на Западот во борбата против исламистичките милитанти во Сахел, регион во Западна Африка.
Сепак, пред претседателските избори во мај, властите во Чад наредија повлекување на американските трупи од земјата, сигнализирајќи оддалеченост од нивните традиционални западни сојузници.
Франција моментално има околу 1.000 војници во Чад, кои обезбедуваат разузнавачки и логистички услуги на армијата на Чад од нејзините бази, вклучувајќи ја и онаа во Нџамена.
Франција, поранешната колонијална сила на Чад, потпиша ревидирана верзија на воениот и безбедносен договор во 2019 година.
Одлуката на Чад да го раскине договорот не е изненадувачка, бидејќи претходно другите земји во Африка, како Мали, Нигерија и Буркина Фасо, ги раскинаа безбедносните договори со Франција и наместо тоа се обратија за помош од Русија.
Властите во Чад нагласија дека овој потег нема да влијае на односите со Франција во други области. мс/
фото: ЕПА