Чадот од Канада стигна до Европа, се чувствува во Норвешка
- Чадот кој се појави поради големиот број шумски пожари во Канада и кој веќе зафати делови од САД, стигна и до Норвешка.
Осло, 9 јуни 2023 (МИА) – Чадот кој се појави поради големиот број шумски пожари во Канада и кој веќе зафати делови од САД, стигна и до Норвешка.
Според Си-Ен-Ен, во последните денови облаци чад се протегале од Канада преку Гренланд и Исланд, па се до Норвешка.
Научниците од Норвешкиот институт за истражување на климата и животната средина (НИЛУ) успеаја да го откријат зголемувањето на чадот со помош на високо чувствителни инструменти, а потоа да го потврдат неговото потекло користејќи предвидливо моделирање. јт/
Фото: НИЛУ