• недела, 17 ноември 2024

Чавушоглу на средба со Столтенберг: Единството и солидарноста во НАТО мора да се зајакнат

Чавушоглу на средба со Столтенберг: Единството и солидарноста во НАТО мора да се зајакнат
Брисел, 22 јануари 2021 (МИА) - Единството и солидарноста во рамките на НАТО алијансата мора дополнително да се зајакнат. Турција презема клучна и водечка улога во заштитата и одбраната на Алијансата, напиша министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на Твитер, по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во седиштето на НАТО во Брисел. Чавушоглу  истакна дека Турција ќе продолжи да ги поддржува мисиите на НАТО во Авганистан и Ирак. Шефот на турската дипломатија во рамки на средбите во Брисел се очекува да се сретне и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. паг/

Остани поврзан