• среда, 25 декември 2024

Чавушоглу: На Русија и го предложивме сирискиот модел за Нагорно-Карабах

Чавушоглу: На Русија и го предложивме сирискиот модел за Нагорно-Карабах
Анкара, 30 септември 2020 (МИА) - Турција и предложи на Русија судирот во Нагорно-Карабах да се реши со веќе „испробан метод“, односно по примерот на сирискиот модел, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Разговорот на оваа тема е одржан со рускиот претседател и со министерот за надворешни работи, Владимир Путин и Сергеј Лавров. Според Чавушоглу, би било добро ако веднаш би се започнала заедничка работа по тоа прашање, исто како што Москва и Анкара делувале во Сирија. - Овој судир досега не е решен ниту на билатерално, ниту на мултилатерално ниво. Нерешеноста на судирот само ја охрабрува Ерменија, истакна шефот на турската дипломатија, додавајќи дека Азербејџан долго ја толерирал ерменската „окупација“. Тој смета дека прашањето, исто така, може да се реши доколку Ерменија ги повлече своите трупи од територијата на Нагорно-Карабах. гт/

Остани поврзан