• сабота, 23 ноември 2024

Чави Симонс остана во Лајпциг

Чави Симонс остана во Лајпциг


Барселона, 5 август 2024 (МИА) – Шпекулациите околу иднината на Чави Симонс (21) конечно може да се смират, откако францускиот фудбалски шампион ПСЖ втора сезона по ред го позајми холандскиот играч за врска на бундеслигашот Лајпциг.
Симонс минатата сезона ја мина на позајмица во германски клуб, а по забележителниот настап на ЕВРО 2024, се чинеше дека можеби ќе остане на „Паркот на принцовите“. Сепак, ПСЖ го позајми назад во Лајпциг, но без опција за откуп на договорот.
„Чави имаше брилијантна прва сезона во нашиот клуб. Откако пред неколку недели го продолжи договорот со Бенјамин Шешек до 2029 година, Лајпциг успеа да ја обезбеди иднината на уште еден клучен напаѓачки играч во клубот“, објави бундеслигашот во чиј редови настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Симонс минатата сезона забележа 43 настапи за Лајпциг, постигнувајќи десет голови, а додаде и 15 асистенции. За селекцијата на Холандија постигна два гола на 20 настапи, последниот против Англија во поразот од 1-2 во полуфиналето на Европското првенство во Германија. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан