• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Чави: Мојата позиција во Барселона не е загрозена, имам поддршка од управата

Чави: Мојата позиција во Барселона не е загрозена, имам поддршка од управата

Барселона, 4 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Барселона Чави одговори на гласините за можен отказ. Тој не чувствува дека неговата позиција е загрозена. Фудбалскиот стручњак изјави дека е среќен и има поддршка од претседателот на клубот.

-Сигурен сум дека оваа сезона ќе биде многу добра. Тимот игра полошо од минатата сезона, па не ги покажуваме очекуваните резултати. Треба да играме поконстантно, изјави Чави за „Marca“.

Барселона е трета во Ла Лига со 34 бодови, четири помалку од лидерот Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан