ЦЈЗ - Охрид: Водата во Струга не е за пиење поради матност поголема од законски пропишаните вредности
- Зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење во Струга, значително поголеми од законски пропишаните, констатира Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) - Охрид по денешните хемиски анализи направени на примероци од Градскиот водовод во Струга.
Струга, 6 ноември 2023 (МИА) - Зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење во Струга, значително поголеми од законски пропишаните, констатира Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) - Охрид по денешните хемиски анализи направени на примероци од Градскиот водовод во Струга.
Според резултатите, како што соопшти ЦЈЗ - Охрид, водата од градската водоводна мрежа не е здравственобезбедна и не треба да се користи за пиење.
-Согласно правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и не треба да се користи за пиење. Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, стои во информацијата на ЦЈЗ - Охрид.
Посочуваат дека во координација со надлежните институции, континуирано ја следат состојбата со квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрержа во Струга и навремено ќе информираат за секоја промена.
Водата од струшкиот водовод деновиве е заматена поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија подрачјето на општина Струга. сс/љм
Фото : Центар за јавно здравје - Охрид