• сабота, 23 ноември 2024

Цунода го продолжи договорот со Алфа Таури

Цунода го продолжи договорот со Алфа Таури
Фаенца, 22 септември 2022 (МИА) - Јуки Цунода ќе продолжи да вози за Алфа Таури. Двете страни склучија договор за соработка и во сезоната 2023 година. Цунода го имаше своето деби во светскиот шампионат во Формула 1 во 2021 година. Се уште не е објавено кој ќе стане партнер на Јапонецот следната година. Се претпоставува дека Пјер Гасли ќе се пресели во Алпин, а на негово место ќе дојде Ник де Врис. Во тековната сезона Цунода со освоени 11 бода се наоѓа на 16. место во Ф-1 поредокот. зс/

Остани поврзан