• четврток, 26 декември 2024

ЦУК: Вкупно 1.910 повици за итни случаи

ЦУК: Вкупно 1.910  повици за итни случаи

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Во Центарот за управување со кризи изминатото деноноќие имало вкупно 1.910 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 36,28 отсто, а 63,72 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.  

-Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 3,97 отсто од реалните. Тие повици, заедно со другите (неитни повици) 36,28 проценти - вкупно на број 1.228, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, соопштија утрово од ЦУК.

Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 59,93 отсто, кон Итната медицинска помош 33,94 проценти, кон пожарникарите 1,81 отсто, а кон АМСМ 0,36 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од ЦУК апелираат да не се палат стрништа на нивите, пластични и гумирани работи, отпадоци и депониите на отворено, особено во овој период на загаден воздух во Скопје, а и во други градови во нашата држава. дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан