• среда, 25 декември 2024

ЦУК: Шест пожари на отворено, 1 758 повици на 112 во последното деноноќие

ЦУК: Шест пожари на отворено, 1 758 повици на 112 во последното деноноќие

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) - Во последното деноноќие имало регистрирано шест пожари на отворено на територија на цела држава и сите се изгаснати. Во Скопско имало еден, во Гевгелиско и Битолско по два и во Прилепско имало еден пожар на отворено, при што гореле запалена мешана шума, ниска вегетација, сртрништа, меѓи од ниви, трска, капини и врби, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Четворица пожарникарите од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје вчера, од 14:45 до 21:00 часот, со едно возило гаснеле запалена ниска вегетација и мешана шума во атарот на село Алдинци во Општина Студеничани.

ТППЕ Гевгелија вчера, од 11:35 до 13:35 часот, со едно возило и двајца пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација, меѓи и капини на површина од пет хектари во атарот на село Богородица. Пет пожарникари со две противпожарни возила вчера, од 13:00 до 17:00 часот, интервенирале на запалена ниска вегетација, меѓи, трска, капини и врби на површина од 10 хектари во село Милетково.

Пожарникарите од ТППЕ Битола вчера, од 10:15 до 13:35 часот, гаснеле запалено стрниште во село Лисолај, а од 18:00 до 13:35 часот, гаснеле запалена ниска вегетација во село Добрушево во Општина Могила.

ЦУК информира дека изминатото деноноќие пожарникарите на ТППЕ Битола имале уште една помала интервенција, како и пожарникарите од ТППЕ Прилеп.

РЦУК Скопје информира дека денеска се планирани и се реализираат четири крводарителски акции, со вработените во Средното училиште „Здравко Цветковски“ – Скопје, со вработените во ЈСП „Скопје“ во автобазата Ѓорче Петров, со вработените во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ – Скопје и со вработените во СОУ „Гошо Викентиев“ - Кочани. 

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 758 повици на бројот за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 51,54 отсто, а 48,46 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,20 отсто, кон итната медицинска помош 28,62 отсто, а кон пожарникарите 4,46 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан