• среда, 25 декември 2024

ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница

ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Едно лице денеска се повредило откако удрило во камен во Охридското Езеро. Дојавата е добиена околу 12 часот преку единствениот повикувачки број за итни повици 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).  

Повреденото лице е странски државјанин од Холандија, кој со кајче бил пренесен до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид.

За итниот случај, од ЦУК веднаш ја известиле Итна медицинска помош, која го презела повредениот и бил пренесен во болница во Охрид.

- РЦУК - Охрид известува дека повреденото лице од Холандија кое удри во камен во Охридско Езеро е преземено од Итна медицинска помош е надвор од животна опасност и е пренесено во Општа болница во Охрид, на одделот за хирургија, се вели во соопштението од ЦУК. мд/дма/

Фото: МИА архива 
 
 
 
 
 
 
 

Остани поврзан