• сабота, 23 ноември 2024

ЦУК: Стишени двата пожара во Дебарско, воздухопловната противпожарна поддршка во состојба на готовност

ЦУК: Стишени двата пожара во Дебарско, воздухопловната противпожарна поддршка во состојба на готовност

Дебар, 9 април 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека ноќта ги стишила двата пожара во Дебарско на границата со Албанија, а воздухопловна противпожарна поддршка на екипите кои дејствуваат по земја е во состојба на готовност по упатеното синоќешно барање од Општина Дебар. 

Согласно утринските информации од терен прво ќе се проценува за упатување дополнителни противпожарни (ПП) екипи од соседните општини, па потоа, ако се уште е потребно, за ПП поддршка од воздух.

Општина Дебар синоќа упати барање до ЦУК за поддршка во гаснење од воздух на двата се уште активни пожара, во реонот на селата Татар Елевци и Бомово. 

Според Регионалниот ЦУК Охрид  во атарот на селата Сушица, Бомово и Коњаре, Општина Дебар гори ниска вегетација и костенови насади. Било  интервенирано со едно противпожарно возило и шест пожарникари, три лица од шумска полиција и две лица и од ЈП „Стогово“.

Со пожарот во близина на село Татар Елевци е зафатена ниска вегетација, папрат и нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари со едно ПП возило две лица од Шумска полиција и две лица од ЈП „Стогово“ од Дебар. вт/мд/

Фото: МИА архива 

 

 


 
 

 

Остани поврзан