• среда, 25 декември 2024

ЦУК: Спасени две лица кои со „четвороцикл“ излетале во провалија на Шара

ЦУК: Спасени две лица кои со „четвороцикл“ излетале во провалија на Шара

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) -  Две лица со „четвороцикл“ попладнето излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“ во провалија, при што се здобиле со повреди,  а по интервенција на надлежните институции веќе се преземени од тим на Итна медицинска помош, информира вечерва Центарот за управување со кризи. 

Несреќата била пријавена во 16.06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК. Преку конференциска врска со Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „четвороцикл“ излетале од патот во провалија. Со нив имало уште едно лице со „четвороцикл“, но не можело да ги види ниту да ги слушне откако излетале. 

Од ЦУК истакнуваат дека веднаш биле извршени повеќе комуникациски координативни дејста од ЦУК, согласно барањата од терен и можностите. 

-Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи но имале повреди и оти се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Според последните известувања до ЦУК, лицата се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се на пат кон болница, се наведува во информацијата од ЦУК.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан