• сабота, 23 ноември 2024

ЦУК: Поради голем дефект на водоводна цевка поплавени објекти, без вода поголем реон во централното подрачје на Скопје

ЦУК: Поради голем дефект на водоводна цевка поплавени објекти, без вода поголем реон во централното подрачје на Скопје

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Поради поголем дефект на водоводна цевка (од Ф-600 мм) на ул.„Кеј Димитар Влахов“ 15 до Младински Културен Центар (МКЦ) во населба „Центар“ во Скопје, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Крњево, Керамидница, кај Т.Ц „Ист Гејт“, покрај бул.„Александар Македонски“ до бензинска пумпа „Лук Оил“, Пожарна, а со намален притисок ке бидат населбите „Маџари“ и „Хиподром“.

Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) по информација од ЈП Водовод, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:50 часот се до санирање на дефектот.

Инаку, по утринското примање на повикот за итниот случај на 112 во ЦУК за пукањето на водоводната цевка на улица „Кеј Димитар Влахов“ и дека има поплава од пукната водоводна цевка веднаш беа остварени телефонски контакти со ЈП „Водовод и канализација“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Полициската станица Центар – Беко. Излеаната вода од големата водоводна цевка предизвикала локална поплава, при што имало поплавено голем број објекти во непосредната близина, а како последици од тоа и лица кое не можеле да излезат од  своите домови. 

Од ЈП Водовод и канализација информираа дека поради големиот дефект без вода ќе остане поголем реон во централно градско подрачје во Скопје се до санирање на состојбата. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан