• недела, 28 јули 2024

ЦУК: Пожарот во Катланово е локализиран и се догасува од пожарникари

ЦУК:  Пожарот во Катланово е локализиран и се догасува од  пожарникари

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - По известување за пожар во Катланово, добиено во ЦУК на Единствениот број за итни случаи 112, пожарникари на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје и Јавното претпријатеие „Национални шуми“ веднаш излегле на терен, по што огнената стихија е локализирана.

-Регионалниот ЦУК Скопје координирале со првите известувања при што надлежните институции веднаш излегоа на терен и ситуацијата е ставена под контрола. Командантот на БППЗ на Град Скопје при контактите со ЦУК посочи дека нема потреба од дополнителни сили и дека сами се справуваат со пожарот.  Попладне ЦУК, во Секторот за операции и координација,  доби известување дека пожарот е локализиран, стои во соопштението од ЦУК.

Јавното претпријатеие „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ информира и дека горела нискостеблеста шума и сува трева. Нивна екипа и екипи на БППЗ, дополнитено ќе бидат на терен и ќе ја следат ситуацијата додека се доизгасне пожарот целосно, посочуваат од ЦУК. вг/лв/

 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан