• сабота, 27 јули 2024

ЦУК: Заглавено семејство во поплавена куќа во село Сиричино

ЦУК: Заглавено семејство во поплавена куќа во село Сиричино

Скопје, 23 јуни 2023 (МИА)  - Во поплавена куќа во село Сиричино, општина Јегуновце, има заглавено семејство, соопшти Центарот за управување со кризи.

Територијална противпожарна единица Тетово, како што велат од ЦУК, работи на нивно извлекување.

Силно невреме денеска попладне го зафати Тетово и околината. Од ЦУК информираат дека големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од педесетина куќи и објекти во пониските делови на градот. Силниот ветер и градот направиле штети на земјоделските култури и овошните насади, но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила....дма/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан