• среда, 18 декември 2024

ЦУК: Договорена интервенција за чистење снег до викендичка во Леуново, за да може пациентка да биде транспортирана до Клиничката болница во Гостивар

ЦУК: Договорена интервенција за чистење снег до викендичка во Леуново, за да може пациентка да биде транспортирана до Клиничката болница во Гостивар

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Од Центарот за управување со кризи информираат дека примен е повик од лице кое се наоѓа во викендица во село Леуново, на локација над Хотел Радика, кој е со сопругата кој цело време е приклучена на апарат за кислородна поддршка кој работи на струја, по што за денеска е договорено да се интервенира во чистење, за да може пациентката да биде транспортирана до Клиничката болница во Гостивар. 

Во координација со ПС Маврово и Итна Медицинска Помош Гостивар, како што информираат од ЦУК, биле на лице место, но поради висина на снежна покривка од околу 1 метар, не се во можност истата да јa пренесат до амбулантното возило. Лицето, како што се посочува, поседува и агрегат за струја, во случај да снема.

Во координација со одговорното лице од ЕЛС Маврово Ростуше договорено е денес околу 09.30 часот да се интервенира во чистење на делницата од 100 – 150 метри се до влезната врата на викендицата, за да може екипа од ИМП Гостивар да ја преземе и транспортира пациентката до Клиничката болница во Гостивар. За оваа ситуација известени се и ДЗС Гостивар и РЦУК Гостивар, информираат од ЦУК. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан