• четврток, 26 декември 2024

ЦУК: Денеска ќе се отстранува превртената цистерна со плин кај битолското село Вашарејца

ЦУК: Денеска ќе се отстранува превртената цистерна со плин кај битолското село Вашарејца

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Цистерната со плин која беше превртената вчера во 9:30 часот во близина на битолското село Вашарејца ќе се отстранува денеска поради немање соодветна механизација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-РЦУК Битола извести дека вчера во 9:30 часот добиена е информација за превртена цистерна со плин во близина на битолското село Вашарејца. На терен интервенирале комбинирано пожарникарите од ТППЕ Битола со четворица пожарникари и едно противпожарно возило, МВР - СВР Битола и Итна медицинска помош – Битола. Возачот на камионот бил лесно повреден и е пренесен во Клиничката болница во Битола, се наведува во соопштението.

Во последното деноноќие, како што информираат од ЦУК, имало вкупно 1 988 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 45,62 отсто, а 54,38 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 62,18 отсто, кон итната медицинска помош 34,87 проценти, a кон пожарникарите 1,27 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие на  бројот 112 во ЦУК бил пријавен само еден пожар на отворено во Скопскиот регион. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан