ЦУК: Во последното деноноќие 1.814 повици на 112
- Во текот на последните 24 часа на бројот за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 1.814 повици. Од нив „реални“ повици биле 1.002 , а остантите 812 биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Во текот на последните 24 часа на бројот за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 1.814 повици. Од нив „реални“ повици биле 1.002 , а остантите 812 биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Кон полицијата биле упатени 197, кон итната медицинска помош 75, кон пожарникарите шест и кон ЦУК 14 од вкупно примените повици во изинатите 24 часа.
- Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), информира ЦУК. мд/сст/
Фото: МИА архива