• четврток, 26 декември 2024

ЦУК: Вкупно 1504 повици на бројот 112 во последното деноноќие, најбарана била Итната медицинска помош

ЦУК: Вкупно 1504 повици на бројот 112 во последното деноноќие, најбарана била Итната медицинска помош

Скопје, 10 декември 2023 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во последното деноноќие имало  вкупно 1504 повици на Единствениот број за итни случаи 112.

-„Реални“ повици за итни случаи биле 40,56 отсто, а 59,44 отсто други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите / институциите во Системот за управување со кризи коишто се за итно интервенирање, информира ЦУК.

Кон Центарот за управување со кризи имало 1,90 проценти од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што заедно со другите 60,09 отсто „неитни повици“, наведува ЦУК, биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

-Распределбата на повиците за итни случаи, согласно генералната природа на настаните, била следната: кон Полиција биле упатени 47,47 проценти од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 48,10 проценти, кон пожарникарите биле упатени 1,90 проценти, а кон АМСМ 0,63 проценти, соопшти ЦУК. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан