• четврток, 26 декември 2024

ЦУК: Вкупно 1.851 повици за итни случаи

ЦУК: Вкупно 1.851 повици за итни случаи

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи изминатото деноноќие имало вкупно 1.851 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици за итни случаи биле 34,85 отсто, додека 65,15  проценти биле евидентирани како „неитни повици“, односно биле за други потреби на граѓаните.

Покрај овие повици, како што велат од ЦУК, примарно се постапува и по тие што се за комбинирано решавање, а не само за ангажман на една служба, односно институција.

-Според распределбата согласно природата на настаните, случаите, кон Полиција биле упатени 43,96 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 38,16 проценти, кон пожарникарите биле упатени 3,83 отсто, а кон АМСМ 0,97 проценти. Кон Центарот за управување со кризи имало 13,53 отсто од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 65,15 проценти, „неитни повици“ (вкупно 1.234) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, се наведува во соопштението од ЦУК.

Оттаму посочуваат дека зголемениот број повици за итни случаи на 112 во ЦУК, од вообичаениот просек што важеше дури и кога имаше многу пожари, се должи на повеќето индивидуални јавувања после снежното невреме и нагло заладување во викендот што помина. дма/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан