• недела, 24 ноември 2024

ЦУК:  На Единствениот број за итни случаи 112 имало вкупно 1.625 повици, 39,82 отсто „реални“, а 60,18 отсто други, именувани како „неитни повици“

ЦУК:  На Единствениот број за итни случаи 112 имало вкупно 1.625 повици, 39,82 отсто „реални“, а 60,18 отсто други, именувани како „неитни повици“

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последниот извештај, имало вкупно 1.625 повици на Единствениот број за итни случаи 112. „Реални“ повици за итни случаи биле 39,82 отсто, а 60,18 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни, информираат од ЦУК. 

Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици, велат дека се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите институциите во Системот за управување со кризи коишто се за итно интервенирање.

-Распределбата, согласно генералната природа на настаните, била следната: кон Полиција биле упатени 51,10 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 41,85, кон пожарникарите биле упатени 3,52, а кон АМСМ 0,44 отсто од повиците. Кон Центарот за управување со кризи имало 3,08 отсто од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 58,22 отсто неитни повици“, (вкупно 985) биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, прецизираат од Центарот за управување со кризи.вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан