• петок, 27 декември 2024

ЦСКА Москва е петтиот тим кој се пласираше во плејофот на Евролигата

ЦСКА Москва е петтиот тим кој се пласираше во плејофот на Евролигата
Атина, 6 март 2020 (МИА) - ЦСКА Москва стана петтиот тим во плејофот во кошаркарската Евролига, откако Русите победија со јасни 97:66 (32:22, 16:16, 17:13, 32:15) против Панатинаикос во Атина. Така, московјаните се приклучија на елитното друштво на Анадолија Ефес Истанбул, Реал Мадрид, Барселона и Макаби Тел Авив, кои веќе имаат квотиа за елиминации. Минатогодишните шампиони го надиграаа ПАО во првата четвртина и не само што не го загубија водството до крајот, туку и го зголемија за 31 поен. Дарен Хилиард беше прв стрелец со 21 поен по пет тројки, а Мајк Џејмс постигна 18 против својот поранешен клуб. Кајл Хајнс го заврши натпреварот со 13 поени и осум скокови, а тројца негови соиграчи беа со двоцифрени индикатори по последната сирена. Дешон Томас има постигнато 12 поени за ПАО, кои загубија шест од последните седум натпревари и имаат скор 14/14. ЦСКА Москва е со 19/9. Натпревари од 28 коло во редовната сезона од машката кошаркарска Евролига: Зенит Санкт Петербург (Русија) - Жалгирис Каунас (Литванија) - 76:75 Панатинаикос (Грција) - ЦСКА Москва (Русија) - 66:97 Реал Мадрид (Шпанија) - АСВЕЛ Лион (Франција) - 87:78 Валенсија (Шпанија) - Армани Милано (Италија) - 81:83 подоцна денес: Химки (Русија) - Фенербахче (Турција) Анадолу Ефес (Турција) - Олимпијакос (Грција) Црвена звезда (Србија) - Макаби Тел Авив (Израел) Барселона (Шпанија) - Баерн Минхен (Германија) Баскија (Шпанија) - Алба Берлин (Германија)

Остани поврзан