• четврток, 19 декември 2024

ЦСКА го отпушти Рајковиќ

ЦСКА го отпушти Рајковиќ

Москва, 15 април 2024 (МИА) – Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва денес го отпушти тренерот Емил Рајковиќ. За прекинот на соработката со македонскиот стручњак, ЦСКА објави преку својата интернет страница.

-Клубот одлучи да го раскине договорот со тренерот на тимот Рајковиќ. Заедно со него од стручниот штаб на тимот си заминуваат помошниците Марко Величковиќ и Сашо Тодоровски, се вели во соопштението на ЦСКА.

Рајковиќ им се заблагодари на стручниот штаб, играчите и навивачите на тимот.

-Искрено се надевам дека промената на тренерот ќе го поттикне тимот, кој со враќањето на Каспер Вер ќе ја постигне својата цел да ја освои титулата, рече тренерот.

Четириесет и петгодишниот Рајковиќ ја предводеше ЦСКА од летото 2022 година. Под негово водство тимот го освои бронзениот медал во ВТБ Јунајтед лигата во сезоната 2022/23.

Според резултатите од тековното првенство, армискиот тим го освои третото место, во четвртфиналето ќе се соочи со Краснојарск Јенисеи. зс/

Фото: ВТБ

Остани поврзан