• среда, 25 декември 2024

Црн рекорд: Во САД само годинава имало 38 престрелки со најмалку четири жртви

Црн рекорд: Во САД  само годинава имало  38 престрелки со најмалку четири жртви

Вашингтон, 5 декември 2023 (МИА) - Весникот „Вашингтон пост“ вчера наведе дека само годинава во САД имало 38 престрелки во кои биле убиени по најмалку четири лица, што е најголем број масовни убиства во последните една година. 

Претходниот рекорд беше поставен минатата година кога се случија 36 масовни убиства. 

Од почетокот на годината до 4 декември во масовни престрелки во САД загинаа 197 лица, не сметајќи ги напаѓачите, а 91 лице беа ранети. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан