• сабота, 23 ноември 2024

„Црно сонце“ од Ацо Шопов најава за првиот албум на „Ветрило“

„Црно сонце“ од Ацо Шопов најава за првиот албум на „Ветрило“

Скопје, 10 јануари 2024 (МИА) - Англискиот препев на „Црно сонце“ од Ацо Шопов е првата песна на новиот музички проект „Ветрило“, снимена во чест на стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет, преведувач на поезија и редовен член на МАНУ.

Музиката е на Верица Андреевска и Дејан Спасовиќ, а во изведбата им се придружуваат Кирил Бабамов, Верица Недеска и Круме Стефановски. Тонски снимател е Ивица Јанкуловски (Студио Алшар), кој го работеше и аудио миксот и мастерингот на песната.

Видео записот во режија на Дејан Спасовиќ го снимаа Томислав Георгиев и Драгица Николовска, а монтажата е на Небојша Илијевски.

„Црно сонце“ е и најава за албумот на „Ветрило“ кој ќе опфати и поезија од помлади македонски автори. мд/аа/

Фото: Верица Андреевска

 

Остани поврзан