• среда, 25 декември 2024

Црногорскиот претседател Милатовиќ отсуствуваше од големата прослава на ПЕС и лидерот Спајиќ 

Црногорскиот претседател Милатовиќ отсуствуваше од големата прослава на ПЕС и лидерот Спајиќ 

Подгорица, 11 јуни 2023 (МИА) - На прославата на изборната победа во Движењето Европа сега, кое постигна најдобар резултат на парламентарните избори со 26 отсто од гласовите, забележително беше отсуството на заменик лидерот на движењето и актуелен претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Имено, во просториите на Движењето Европа сега се обратија функционерите на тоа движење, меѓу кои и лидерот Милојко Спајиќ.

Тој беше најавен како „иден премиер“, а при говорот посочи дека нема да коалицира со Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Граѓанското движење УРА.

После тоа се отвори шампањот, а до Спајиќ цело време беше поранешниот премиер Здравко Кривокапиќ.

Но, забележливо беше отсуството на заменикот на Спајиќ во движењето, на новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ.

Црногорските медиуми претходно објавија дека тој пристигнал во седиштето на партијата, но, меѓутоа, свесно не се приклучил на прославата. Постои можност тоа да е затоа што како претседател не сака да ја истакнува својата партиска функција, но многумина потсетуваат дека има наводен конфликт меѓу него и лидерот Спајиќ. сд/

Остани поврзан