• среда, 25 декември 2024

Црногорскиот премиер најавува оставка ако просечната плата во земјата за една година не биде 1000 евра

Црногорскиот премиер најавува оставка ако просечната плата во земјата за една година не биде 1000 евра

Подгорица, 10 февруари 2024 (МИА) - Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, денеска, на претставувањето на резултатите од работата на Владата за првите 100 дена, изјави дека ќе поднесе оставка доколку за една година просечната плата во Црна Гора не биде 1.000 евра, а минималната 700.

- Ако просечната плата за една година не е 1.000 евра, а минималната плата 700, ќе поднесам оставка – рече Спајиќ и додаде: Се што е ветено ќе биде исполнето до последно.

Тој исто така нагласи дека дава јасни и „цврсти ветувања“.

- Сите можете да запишете, тоа ветување ќе се исполни, нагласи Спајиќ.

Минималната бруто плата во Црна Гора во 2024 година е 532,54 евра и е една од најниските во Европа, покажуваат податоците на Евростат. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан