• четврток, 26 декември 2024

Црногорската полиција уби напаѓач во престрелка

Црногорската полиција уби напаѓач во престрелка
Подгорица, 27 септември 2022 (МИА) - Црногорската полиција во престрелка уби напаѓач кој пукаше во нејзини припадници за време на истрага за бомбашки напад на куќа на полицаец во Подгорица, пишуваат дел од локалните медиуми. Во населбата Коник изутринава фрлени се две бомби на куќа на полицаец, а едната експлодираше. Потоа следуваше полициска истрага и пронајдени се две осомничени лица. За време на нивна идентификација и обид за приведување, еден од осомничените пукаше кон полициските службеници, наведуваат од Управата на црногорската полиција. Лицето било тешко повредено и пренесено во Клиничкиот центар, по што му подлегнало на повредите. Другиот осомничен бил уапсен. Црногорската полиција беше мета на критики на јавноста откако не успеа да го неутрализира напаѓачот Вук Бориловиќ, кој ги уби своите потстанари, а потоа пукал и на соседите и на полициските службеници. Во нападот имаше 11 жртви, а се тврдеше дека напаѓачот бил убиен од сограѓанин. Речиси два месеца по инцидентот, истрагата не покажа кој го уби Бориловиќ, наведуваат дел од медиумите. бд/

Остани поврзан