• среда, 25 декември 2024

Црна Гора: Нов повик за доброволно служење воен рок

Црна Гора: Нов повик за доброволно служење воен рок
Подгорица, 22 јануари 2020 (МИА) - Министерството за одбрана на Црна Гора соопшти дека наскоро ќе распише конкурс за доброволно служење воен рок, а откако беше донесена одлука минатата година, како еден од моделите на обука за воена служба со цел да се создаде база за пополнување редовни и резервни сили. Генералниот директор на Дирекцијата за човечки ресурси при Министерството за одбрана, Михаил Волков изјави дека ова е нов проект кој досега резултирал во успешно завршени циклуси на обука и изрази верување дека тој број ќе се зголеми во иднина. Тој, исто така, објасни дека принципот на аплицирање за доброволна воена служба е со јавно објавување. - За време на обуката војниците стекнуваат знаење и вештини потребни за извршување на должностите во единиците на Армијата при воена или вонредна состојба, истакна Волков. гт/

Остани поврзан