• петок, 27 декември 2024

Црна Гора има залихи на храна и гориво за два-три месеци

Црна Гора има залихи на храна и гориво за два-три месеци

Подгорица, 28 февруари 2022 (МИА) - Црна Гора има залихи на храна и гориво за следните два-три месеци, изјави денеска државниот секретар во Министерството за економски развој на Црна Гора, Милена Липовина Божовиќ.

- Ќе ја следиме ситуацијата на терен, доколку има потреба ќе реагираме, сето тоа согласно законските прописи, изјави таа на прес-конференција.

Божовиќ додаде дека земјата е осудена да ги трпи последиците од она што се случува на глобално ниво.

- Сега тоа дополнително се изразува поради украинската криза и за очекување е притисокот врз цените да биде поголем, истакна Липовина Божовиќ. паг/

Остани поврзан