• сабота, 23 ноември 2024

Црковна литургија по повод ,,Св.Наум Охридски - Чудотворец" во Делчево

Црковна литургија по повод ,,Св.Наум Охридски - Чудотворец

Делчево, 3 јуни 2022 (МИА) - Во соборниот храм ,,Св.Кирил и Методиј" во Делчево денеска се одржа црковна литургија по повод христијанскиот празник ,,Св.Наум Охридски - Чудотворец". Крстилницата при овој соборен храм го носи токму името на големиот светец ,,Св.Наум", кој како што кажа старешината Николчо Воиновски е еден од оние кои најревносно соработувале со словенските апостоли.

-На неговите чудотворни мошти секојдневно се случуваат многубројни чуда, болните се  исцелуваат од тешки болести, како лудило и сл. Св.Наум се упокоил во првата половина на 10 век, истакна пред верниците Воиновски.

За светецот рече дека бил мудар учител и единствен раководител на монасите, одлучен подвижник и чудотворен молитвеник и духовник. 

-Неуморно се трудел и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршел чуда и за време на животот и после смртта, додаде во својот говор делчевскиот старешина.

Крстилницата посветена на „Св.Наум“ како дел од големата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево е осветена во 2013 година и во неа двапати годишно се служи литургија во чест на ученикот на сесловенските браќа. вс/сст/

 

Фото: МИА

Остани поврзан