• петок, 06 март 2026

Црвен крст Крива Паланка со нови активности од програмата за промоција на хумани вредности

Црвен крст Крива Паланка со нови активности од програмата за промоција на хумани вредности

Крива Паланка, 6 март 2026 (МИА) – Триесетина млади од Крива Паланка, основци и средношколци, се дел од најновите обуки за ПХВ- промоција на хумани вредности што ги реализира Црвен крст на Македонија - Општинска организација Крива Паланка. Во рамки на програмата насловена ЦКА - ПХВ 2026 досега се спроведени три обуки со кои се опфатени вкупно 35 млади.

-Радува фактот што годинава славиме јубилеј, три децении, период во кој Црвениот крст преку програмата Промоција на хумани вредности (ПХВ) веќе 30 години инспирира млади да создаваат хумани промени во својата заедница. Под мотото „30 години ПХВ – 30 години младинска енергија“, ги реализираме активностите од новата етапа планирана за годинава,  новата обука низ која младите повторно учат како од идеја да создадат проект, како да и помогнат на заедницата и како да шират хуманост. Заедно градиме генерации кои веруваат во солидарност, хуманост и волонтерство, рече Маја Илиевска, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Десиминаторот на програмата ЦКА-ПХВ, Даниела Анастасовска, рече дека младите се секогаш  полни со идеи и мотивација да придонесат во ширењето на хуманите вредности. 

- Формиравме групи со млади на возраст од 13 до 17 години, кои веќе минаа дел до обуките што ќе креираат обучени и подготвени волонтери, обединети со една заедничка цел: градење подобра и похумана заедница. Јас верувам во младите и нивниот потенцијал, а токму оваа програма е иницијална каписла таа младинска сила и енергија да се канализираат кон придвижување на позитивните промени во локалната заедница. Ова е само почеток, во претстојниот период ќе изготвиме мали проекти за промоција на хумани вреднсоти кои директно ќе придонесат кон оставрување на целите – промена на подобро за нашите сограѓани, за нивните врсници, младите – столб на општеството, рече Анастасовска.

Инаку, ОО Црвен крст Крива Паланка тековно спроведува голем број активности, рпограмски ги реалзиира редовните крводарителски акции, функционирањето на Дневен центар за престоја на стари лица со активно стареење, услугата „Нега центар“ – нега и грижа во домот за возрасни, стари и изнемоштени, осамени лица од општината, а во псоледната недела до февруари посветена на борбата против срцево-садови заболувања, под мотото: „Здраво срце, здрав живот“, реализираше активности за кoнтрола на крвен притисок, делење на едукативни флаери и спроведе едукативно предавање насловено„Превенцијата е најсилната терапија!“.ид/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан