• среда, 20 ноември 2024

Црвен крст Кавадарци со активности по повод Неделата за борба против гладта

Црвен крст Кавадарци со активности по повод Неделата за борба против гладта
Кавадарци, 21 октомври 2021 (МИА) - Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, со низа активности се вклучи во реализација на кампањата по повод Неделата на борба против гладта, од 16-22 октомври, која оваа година се одбележува под мотото ,,Помислете на нас“.
Од општинската организација на Црвен крст информираат дека граѓаните биле информирани за планираните активности преку локалните медиуми, електронски медиуми и пригодните материјали-електронски флаери, кои беа искористени за акцијата со корпоративниот сектор во Кавадарци и Росоман.
-
-Дваесет пакетчиња беа направени со поддршка на компанијата Алијанс уан, која години наназад ја поддржува акцијата за денот на гладта на Црвениот крст, донирани се финансиски средства во износ од 10.000 денари, кои пак пакетчиња беа донирани на децата од посебните паралелки при ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци. Голема благодарност кон вработените од компанијата Алијанс уан упатија семејствата кои ја добија помошта и вработените од посебните паралелки за деца со посебни потреби, родителите на децата и Црвениот крст за солидарноста на овие хумани луѓе, кои несебично ја искажуваат во многу наврати, а посебно сега за време на корона состојбата, информираа од кавадаречкиот Црвен крст.
Воедно, соопштија дека волонтерите од Клубот на млади, исто така, се во тек со активности од кампањата, помагаат во дистрибуцијата на помошта до крајните корисници. свд/вг/

Остани поврзан