Црвен крст Кавадарци подели хуманитарни пакети за социјално загрозени од општина Росоман
- Активисти на Црвен крст Кавадарци денеска поделија хуманитарни пакети за социјално загрозени лица и семејства од општина Росоман.
Росоман, 23 јануари 2026 (МИА) - Активисти на Црвен крст Кавадарци денеска поделија хуманитарни пакети за социјално загрозени лица и семејства од општина Росоман.
- Претпладнево, преставници на Црвен крст на Република Северна Македонија, општинска организација Кавадарци, остварија средба со градоначалникот на општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски и ги договорија следните активности во оваа општина. Исто така, преставниците на Црвен крст посетија и неколку социјално загрозени семејства на кои им поделија хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена, донација од маркетите „Минекс“, појаснија од Црвен крст Кавадарци.
Оттаму потсетија дека дејствуваат на територијата на двете општини и најавија и други хуманитарни активности во иднина. свд/бд/
Фото: Црвен крст