• петок, 13 февруари 2026

Црвен крст Кавадарци мереше крвен притисок и шеќер во крвта на пензионери

Црвен крст Кавадарци мереше крвен притисок и шеќер во крвта на пензионери

Кавадарци, 21 јануари 2026 (МИА) - Активисти од Црвен крст Кавадарци денеска им мереа крвен притисок и шеќер во крвта на кавадаречки пензионери, при посетата на Здружението на пензионери, во кое членуваат пензионери од оваа општина и росоманската. 

- ЦКРСМ - ООЦК Кавадарци веќе долги години има успешна соработка со Здружение на пензионери Кавадарци. Денеска на барање на здружението, наши вработени и волонтери ги посетија нивните простории каде што присутни беа педесетина пензионери, при што на 46 лица им беше измерен крвен притисок и шеќер во крвта. Голема благодаррност до раководните структури на Здружение на пензионери Кавадарци пред сè за нивната грижа за зачувување и одржување на здравјето на пензионерите и за беспрекорната поддршка што ја даваат на ООЦК Кавадарци, истакнаа од кавадаречкиот Црвен крст. 

Оттаму најавија и низа други заеднички активности. 

- Заедно се грижиме и заедно делуваме за лицата од третата доба да имаат поубав, поздрав и посреќен живот. Оваа заедничка соработка и грижа ќе продолжи и понатаму. ЦКРСМ ООЦК Кавадарци помага секаде каде што е потребно, не правејќи разлика на полот, националноста и старосната граница на граѓаните, нагласија од Црвен крст Кавадарци. свд/дма/

Фото: Црвен крст Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан