• недела, 24 ноември 2024

Црвен крст Делчево со Јавен повик за користење на услугата ,Помош и нега во домот"

Црвен крст Делчево со Јавен повик за користење на услугата ,Помош и нега во домот

Делчево, 25 октомври 2023 (МИА) - Општинската организација на Црвен Крст распиша Јавен повик за користење на услугата помош и нега во домот на лица со деменција и Алцхајмерова болест. Активностите ќе се реализираат како дел од проектот ,,Помош и нега во домот".

-Услугата опфаќа пружање  помош при подготовка на храна и хранење, одржување на личната хигиена, одржување на хигиената во домот, помош при пресоблекување и менување пелени, помош заради мобилност во домот. Исто така, во услугата вклучена е  помош поради надворешна мобилност, помош при набавка на продукти, помош при земање медицинска терапија, помош при користење на уредите во домаќинството и слично, информираа од Црвен крст Делчево.

Крајните корисници, според Правилникот за давање на социјалните услуги помош и нега во домот, како што додадоа од Црвен крст, мора да исполнуваат неколку услови.

Право на  користење на услугата имаат лица кои помошта во домот не можат да ја обезбедат нивните брачни другари, родители или деца, поради заснован работен однос, нарушена здравствена состојба и старост. Исто така, се однесува и на лицата кои немаат склучено договор за доживотна издршка, односно покренале постапка за раскинување на склучен договор за доживотна издршка, додадоа од Црвен Крст Делчево.

Општинската организација на Црвен Крст Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ја користат услугата “Помош и нега во домот” на лица со деменција и Ајцхајмерова болест, да се пријават во просториите на Црвен крст Делчево или на телефон 078/515-418. вс/љм

Фото: Илустрација

Остани поврзан