• сабота, 28 декември 2024

Црвен крст Делчево преку Швајцарска донација обезбеди неинвазивни респиратори за неколку болници во државата

Црвен крст Делчево преку Швајцарска донација обезбеди неинвазивни респиратори за неколку болници во државата
Делчево, 5 мај 2021 (МИА) - Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево денеска пристигнаа првите 10 од вкупно 35 неинвазивни респиратори кои ќе бидат распределни во повеќе болници во државата. Претседателката на Црвен крст Делчево Билјана Георгиевска информираше дека проектот за набавка на респираторите се реализира во соработка со прилепчанецот Дејан Аџиоски, кој живее во Швајцарија, а главна заслуга за реализацијата на проектот, како што додаде, имаат и македонски иселеници во оваа земја. - Првите 10 неинвазивни респиратори од типот „Covid-Air“ веќе пристигнаа, додека наредната недела ги очекуваме останатите 25 респриратори. Два од овие респиратори остануваат во нашата општина, додека останатите ќе бидат донирани во повеќе општини односно во повеќе болници во државата, рече Георгиевска. Благодарение на оваа донација која, додаде таа, доаѓа во вистинско време, во наредниот период ќе се реализираат повеќе тренинг обуки за успешно ракување со апаратите. - Општинска организација на Црвен крст Делчево, јас и доктор Дејан Златковски ќе бидеме активно вклучени во тренинг обука на медицинскиот персонал преку редовен контакт со сите лица кои ќе работат со овие апарати. Посебна благодарност сакаме да истакнеме до господин Седрик Пафу, БЦД Миктотехник која е главен донатор и наши иселеници од Швајцарија кои со големо срце учествуваа и направија оваа донација да биде успешна, поради што очекуваме уште поуспешна соработка, додаде Георгиевска. Доктор Дејан Златковски дополни дека апаратите се препорачливи за користење во болнички услови, но како што додаде истите ќе можат да се користат и во домашни услови. Коородинаторот на проектот Дејан Аџиоски информираше дека со оваа донација вкупно за Македонија се обезбедени 60 неинвазивни респиратори. - Се започна во ноември 2020 година кога со мојот пријател од Швајцарија ја организиравме првата хуманитарна акција за набавка на 20 респиратори за болницата во Прилеп. Имајќи предвид дека респираторите кои неговата фирма ги произведува даваат добри резултати, со Седрик одлучивме во сорабтока со Црвен крст Делчево да направиме уште една акција со која ќе бидат набавени респиратори за болниците во Охрид, Велес Струмица, Делчево, Кичево и Јасеново, рече Аџиоски. Вредноста на досегашната донација од неинвазивни респиратори како што додаде е над 500 илјади евра. Изрази надеж дека донацијата ќе биде вреднувана од страна на граѓаните и очекува со добра обука истите понатаму да бидат употребени и за лекување на пациенти кои имаат проблеми со дишењето. в.с/цр

Остани поврзан