• недела, 28 јули 2024

Црвен крст Делчево делеше флаери за заштита од пожари

Црвен крст Делчево делеше флаери за заштита од пожари
Делчево, 23 јули 2022 (МИА) - Волонтерите од Клубот на млади од општинската организација на Црвен крст Делчево денеска поделија флаери за заштита на лицата и материјалните добра од шумски пожари. На флаерот, како што информираа од Црвен крст Делчево, во неколку чекори се објаснети постапките за подготвеност на граѓаните при појава на оган. -Во рамки на активностите беа распределени 100 флаери од волонтери кои се дел од летната програма за волонтирање. Потребата од информирање на населението за постапка при појава на шумски пожари е голема. Речиси неизбежно е да се соочиме со оваа катастрофа во текот на летните месеци секоја година, се вели во информацијата од Црвен крст Делчево. Во рамки на вториот дел од акцијата, во насока на справување со топлотниот бран, волонтери делеа шишиња со вода на затекнатите граѓани на градските улици. -Согласно препораките на надлежните институции, а како дел од системот за одговор и дејствување при катастрофи и здравствено превентивно дејствување,  шишиња со вода беа поделени на најфреквентните локации во градот, истакнаа од Црвен крст Делчево. Овие активности, како што додадоа, ќе се извршуваат се додека трае топлотниот бран. вс/вј/

Остани поврзан