• четврток, 26 декември 2024

Црвена ѕвезда на линија со српскиот став за војната во Украина

Црвена ѕвезда на линија со српскиот став за војната во Украина
Белград, 4 април 2022 (МИА) – Српскиот кошаркарски шампион Црвена ѕвезда соопшти дека нејзините играчи со одбивањето на вчерашниот натпревар против Жалгирис во Каунас да истакнат транспарент во боите на украинското знаме ја следеле политиката на официјален Белград. Пред натпреварот во Каунас, кошаркарите на Црвена ѕвезда одбија заедно со судиите и домашниот тим да го истакнат сино – жолтиот транспарент на кој беше испишана порака „Стоп на војната“ и со тоа предизвикаа бројни реакции. Во својата реакција, Црвена ѕвезда истакна дека навремено ја известиле Евролигата за својата намера да не дозволат да бидат вовлечени во политизација на воениот конфликт во Украина. - КК Црвена ѕвезда како спортски клуб и претставник на Србија, кој зазеде јасна позиција по повод судирите во Украина и ги следи официјалните ставови на нашата држава, во официјалната комуникација со Евролигата и раководството на Жалгирис, јасно стави до знаење неколку денови пред натпреварот во Литванија дека нема да дозволи политизација и да носи банер во боите на знаме на која било држава, бидејќи со тоа би биле учесници во манипулација и политизација на една од најхуманите и универзални пароли „Стоп на војната“, соопшти белградскиот клуб. ег/паг/

Остани поврзан