• недела, 06 октомври 2024

Црвена ѕвезда го врати Милојевиќ на клупата

Црвена ѕвезда го врати Милојевиќ на клупата

 

Белград, 22 декември 2023 (МИА) – Српскиот фудбалски шампион Црвена ѕвезда денеска официјално го претстави Владан Милојевиќ за нов тренер, на местото на израелскиот стратег Барак Бахар.

Милојевиќ потпиша две и полгодишен договор со белградска Црвена ѕвезда на чија клупа седеше од 2017 до 2019.

„Кога заминав реков дека Црвена ѕвезда секогаш може да смета на мене. Немаше многу размислување кога дојде овој повик“, изјави Милојевиќ на промоцијата.

На неговиот претходник Бахар му беше врачен отказ по елиминацијата во Лигата на шампиони и завчерашниот прволигашки пораз (2-1) од градскиот ривал Партизан. ег ФОТО: Фејсбук

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан