• недела, 28 јули 2024

ЦОРЗ и општина Дебар потпишаа Меморандум за соработка за следење и заштита на животната средина

ЦОРЗ и општина Дебар потпишаа Меморандум за соработка за следење и заштита на животната средина
Дебар, 7 октомври 2022 (МИА) - Здружението Центар за одржлив развој на заедницата и општина Дебар попладнево потпишаа Меморандум за соработка за следење и заштита на животната средина.
- Опфаќа следење од воздух со дрон, размена на информации и материјали за подигање на свеста, како и меѓусебна поддршка во еколошки акции. Тоа во рамки на проектот „Ekon Drone Patrol“ финансиран од Американската амбасада, рече Шуип Марку од Центарот  за одржлив развој на заедницата- Дебар.
Додаде дека заштитата  на животната средина е приоритет на двете страни и се планира соработката да биде долгорочна.
Потпис на документот ставија Марку и градоначалникот Хекуран Дука, кој е познат поборник за заштита на животната средина и непосредно учествува во еколошки акции кои се организираат во општината. вт/мд/

Остани поврзан