• петок, 27 декември 2024

Циципас: Кирјос постојано ги малтретира противниците

Циципас: Кирјос постојано ги малтретира противниците
Лондон, 3 јули 2022 (МИА) – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас искажа замерки за однесувањето на Ник Кирјос (Австралија) од кого синоќа загуби во 1/16финалето на Вимблдон со 1-3, по сетови7:6, 4:6, 3:6, 6:7. - Навистина се надевам дека ќе создадеме почиста верзија на нашиот спорт, каде ваквото однесување е недозволиво. Треба да се преземе нешто околу ова. Не е во ред. Некој треба да разговара со него. Не можам да седам како робот и да не реагирам на никаков начин. Се уморуваш од ова. Се чувствував како да сме во циркус. Постојано нешто кажуваше, постојано се жалеше за нешто. Иако дојдовме да играме тенис, а не да водиме дијалози. Се обидов да не се провоцирам од тоа, бидејќи можеби е намерно. Тоа е негов начин да манипулира со противникот, да го собори, изјави Циципас. Тој, исто така, кажа дека Кирјос извикувал „добар удар“ по неговите грешки. - Ова е постојано малтретирање. Постојано ги малтретира противниците. Веројатно, на училиште бил еден од оние кои се потсмеваат. Не сакам такви луѓе кои ги понижуваат другите. Има добри карактеристики, но има и нешто многу зло. Нешто што може да ги повреди луѓето, додаде грчкиот тенисер. Во осминафинаето на Грен слемот во Лондон, Кирјос ќе се соочи со Брендон Накашима од САД. зс/

Остани поврзан