Циципас за поразот во првото коло на Австралија Опен: Кармата ме стигна
- Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го нарече ироничен неговиот пораз во првото коло на Австралија Опен во 2025 година.
Мелбурн, 13 јануари 2025 (МИА) - Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го нарече ироничен неговиот пораз во првото коло на Австралија Опен во 2025 година.
На стартот на турнирот 26-годишниот Циципас загуби од Американецот Алекс Микелсен со резултат 5:7, 3:6, 6:2 и 4:6.
-Тоа е прилично иронично. Целата моја идеја беше да стигнам што подалеку. Целта беше само да се изгради малку енергија и да бидам посвеж. Мислам дека кармата ме стигна. Оваа година не можев да се претставам толку добро како што се надевав на турнирот, изјави Циципас за „BBC“.
Најдобриот резултат на Гркот на Грен слем турнир во Австралија во сингл е пласманот во финалето во 2023 година.
Отвореното првенство на Австралија во 2025 година се одржува во Мелбурн од 12 до 26 јануари. зс/
Фото: ЕПА